Соопштение за јавност
Водејќи се од коруптивните и бизнис интереси и преку расипничкото, криминално и неодговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше лекарите и правата на пациентите. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах.
За разлика од таквиот неодговорен однос кон лекарите и граѓаните, Владата предводена од СДСМ сериозно се зафати со решавање на наследените проблеми во здравството и активно работи на спроведување на мерките коишто обезбедуваат повисоки плати за лекарите, инвестиции во здравството и унапредување на здравствениот систем.
Доказ за тоа е што за здравствена заштита за 2018 година во Буџетот се предвидени 1,1 милијарда денари повеќе од минатата година.
Скопје, 15.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА