Соопштение за јавност
Почитувани,
По повод Денот на ослободувањето на Скопје, партиска делегација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, предводена од Миле Зечевиќ, организационен секретар на СДСМ, положи цвеќе и оддаде почит пред споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел , во Алеата на заслужните граѓани на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата на Република Македонија.