Соопштение за јавност
Николовски: Да не се лажеме, Владата нема цел да внесе земјата во ЕУ
Владата нема за цел да ја внесе државата во ЕУ, ги влошува односите со соседите и повторно се враќаме назад. Додека нашите соседи напредуваат, ги слушаме послендите информации за Албанија, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата „Објектив“ на националната телевизија МТВ.
-Додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите. После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политикантство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство, а со тоа и враќање на довербата во системот и европски квалитет на живот за да останат дома. Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. За жал, оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас, рече Николовски.
Клучното ветување во кампањата на ДПМНЕ беше дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, ајде сега нека обезбеди промена на преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце тоа ќе го поддржиме, нека ги убедат сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме, но знаат дека тоа не е можно, додаде Николовски.
-Да не се лажеме, оваа Влада нема цел да ја внесе земјата во ЕУ, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, во дебатната емисијата „Објектив“, на МТВ кој додаде дека со ДПМНЕ, денес сите сме понижени од само една средба во Софија од влада која нема капацитет да ја однесе земјата во полноправно членство во ЕУ.