Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и потврдува дека 11 години работеа на свесно уништување на економијата. Економските штети што ги направи Никола Груевски сега ги санира Владата предводена од СДСМ, со одговорно работење.
Податоците за растот на БДП, со кои манипулира ВМРО-ДПМНЕ за наводна рецесија се од првите шест месеци од 2017, период кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата, ја држеше земјата во заточеништво и спречуваше мирен трансфер на власта.
Економијата се раздвижува, а најголема потврда за тоа се објавените податоци од Државниот завод за статистика. Заради успешно спроведување на економските мерки кои ја стабилизираа економијата имаме зголемување на бројот на работници во индустријата кој за август оваа година споредено со август 2016 година е зголемен за 3%. И покрај целата блокада од почетокот на оваа година, со економските мерки што веднаш ги усвои новата влада, извозот е зголемен за 14% во однос на првите осум месеци од 2016 година.
Ова потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не знае како е да се работи транспарентно и отчетно со јавните финансии и затоа продолжува да лаже и манипулира со бројки и тврдења коишто немаат никаква врска со реалноста.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА