fbpx

Заев од Злетово: Работиме за сите граѓани, рударите ќе имаат бенефициран стаж, промените во Пробиштип носат иднина за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Убеден сум во победата во општина Пробиштип. Треба работата да ја завршиме до крај, за да нема повеќе поделби, за да создадеме иднина за сите граѓани, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа, пред жителите на Злетово, општина Пробиштип.

„Уверен сум дека многу луѓе ја чекаат нашата подадена рака. Новата локална власт, на чело со другарот Драган Анастасов ќе работи за сите граѓани. Нема да ги делиме луѓето. Преку глава ни е од делби и поделби во оваа наша Македонија. Само политичари кои што не се спремни да ги засукаат ракавите и да се втурнат јуначки, во костец со проблемите на граѓаните, шират пропаганда и поделби помеѓу нашиот народ. Завршуваат изборите, работиме за сите граѓани. Зборот го даваме јуначки, чесно, татковински, родољупски, ќе одработиме во интерес на сите граѓани и на Злетово и на општина Пробиштип и на цела Македонија“, порача претседателот Заев.

Тој пред жителите на овој рударски крај најави дека се подготвува законска регулатива која што ќе обезбеди бенефициран стаж за рударите.

„Ова наше прекрасно рударско место заслужува добра иднина. И сакам овде од Злетово да ветам, да знаат рударите, кои што ја вршат најтешката, најмачната и најризичната работа, со Министерството за труд и социјална политика го подготвуваме новиот закон, ќе има бенефициран стаж за рударите, оти тоа го заслужуваат“, рече претседателот на СДСМ.

Тој ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот за градоначалник на СДСМ, Драган Анастасов, за промените да се случат и во општина Пробиштип, во интерес на сите граѓани.

 

 

Последни вести