fbpx

Заев: Да ги заокружиме промените и во Македонска Каменица, заедно да ја вратиме среќата на лицето на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ајде заедно да ја вратиме среќата на лицето на сите граѓани на Македонска Каменица“ – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на Македонска Каменица повикувајќи ги да излезат во вториот круг и да ја поддржат Соња Стаменкова и да гласаат за отворена, услужна и напредна општина којашто ќе работи за сите нејзини граѓани.

Заев посочи дека програмата на Стаменкова и политиките на СДСМ за рамномерен регионален развој на секое населено место се гаранција за развој и на Македонска Каменица и обезбедување повеќе пари кај граѓаните. Тој најави отворање на нови капацитети во општината со можност за отворање на 300 нови работни места.

„Ова е едно наше прекрасно место, кое што може да има убави перспективи. За жал претходната власт не направи ништо и се уште зборуваме за асфалтирање улици, се уште зборуваме за канализација, за здрава вода за пиење. Затоа, заедно да ги заокружиме промените и во Македонска Каменица, за живот за сите“ повика претседателот Заев.

Пред насобраните жители на Македонска Каменица Заев се обврза дека централната власт ќе и помага на локалната самоуправа во овој град, во интерес на сите нејзини граѓани.

„Следната година ќе донесеме нов закон за бенефициран стаж во кој ќе бидат вклучени рударите. За нас, како левичари, рударите се важни, како и сите работници. Тие се симбол на тешка, макотрпна работа и како и сите работници заслужуваат поголема грижа,“ порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, пред жителите на Македонска Каменица.

 

 

 

 

Последни вести