fbpx

Заев во Чаир: Барам поддршка за Висар Ганиу, тој е човекот на новото време, едно општетво за сите и перспективи за Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-Дојде време на перспективи, посветени сме на иднината што живот значи, заврши времето на поделби, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓаните на скопската општина Чаир.

Претседателот Заев побара поддршка од граѓаните за кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, за нов градоначалник на општината.

-Висар Ганиу е човек на новото време, и тој верува во концептот едно општество за сите. Овој концепт е вреден за живеење, го заслужува Република Македонија. Барам поддршка за Висар Ганиу, за иден градоначалник на општината Чаир, повика претседателот на СДСМ, Заев.

Тој додаде дека “и овде живеат граѓани и не е во ред да има нерамномерен регионален развој во Македонија”.

-Стоиме зад секој дел од Програмата за општина Чаир. Сите проекти се за подобар живот на граѓаните, рече претседателот Заев.

Тој соопшти дека сите одлуки од интерес за граѓаните ќе се носат на граѓански собири како денешниот во Чаир, затоа што, “смислата на општината и на Град Скопје се потребите на граѓаните.

-Секој граѓанин е важен, да пружаме помош на секој, побара претседателот Заев.

-Македонија има сила, има ресурси, потребни се само чесни политичари што ќе го слушаат народот, рече меѓу другото, претседателот Заев, на средбата со граѓаните на Чаир.

Претходно, кандидатот за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, најави пред граѓаните почеток на изградбата на нов универзитет, Мајка Тереза во т.н. Тенеке Маало во општината, за што веќе се одобрени пари од Буџетот на државата за 2018 година.

-Ќе добијат и Чаир и Скопје нов универзитет, а ова маало ќе се преименува во Универзитетска населба, рече Ганиу.

Новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој беше присутен таму, најави обнова на руинираната инфраструктура што води до општината и до овој дел од неа.

-Ова можеме да го направиме само заедно. Се работи за децата, да учат, да пренесуваат знаење, се работи за идните перспективи на Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на Тенеке Маало во скопската општина Чаир.

 

 

 

 

 

Последни вести