fbpx

Граѓаните гласаа слободно, изборите беа фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ да го признае изборниот пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Граѓаните на Република Македонија после догло време имаа можност да гласаат на фер и демократски избори по слободна волја и без притисоци.

Резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините, како изгледа Македонија кога се гласа слободно и кога во целост се почитува изборната волја на граѓаните.

Организирањето криминални избори и системската злоупотреба на државните институции и ресурси во партиски цели беа одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши.

Наместо да бара апсурдни оправдувања, ВМРО-ДПМНЕ треба да да им честита на граѓаните за мирните, фер и слободни избори и да го признае изборниот пораз.

 

Скопје,20.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести