Соопштение за јавност
„Во пресрет на Денот на востанието и Денот на борецот, ние денешните борци за живот во Македонија за сите, од тука, од слободарска Струмица, да испратиме абер за ослободување на сите окупирани општини во нашата Македонија“ порача претседателот Заев на вчерашниот митинг на СДСМ и коалицијата којшто се одржа во Струмица.
Претседателот Заев посочи дека Струмица го трасира патот по кој треба да се развиваат општините во Македонија затоа што Струмица е услужна општина за сите и град кој работи за граѓаните и ги поврзува.
„ Развивме систем 48 – секој граѓанин да биде соодветно услужен во рок од 48 часа од моментот кога до општината пријавил некаков проблем. Ако можевме ова да го направиме во Струмица пред неколку години, зошто да не може денес да биде пракса во секоја општина? Струмица е општина којашто води грижа за здрав и чист воздух и чиста вода за сите. Струмица е целосно гасифицирана со изградена гасоводна мрежа од 35 километри. Граѓаните и јавните инситуции користат евтин гас и генерираат заштеди. Ако можевме Струмица да ја гасифицираме, можеме и цела Македонија да ја гасифицираме и сите граѓани да почувствуваат бенефит!“ рече Заев.
Заев им оддаде благодарност на струмичани за искажаната доверба и им порача дека за него тоа претставува огромна чест и како што рече ја дава својата огромна поддршка за новиот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски, за кој изрази очекување дека ќе гi надмине очекувањата и ќе биде подобар градоначалник и од него како негов претходник, бидејќи како што рече секој нов градоначалник треба да биде подобар од претходниот за општината да оди напред.
„Ќе отвориме посебна паралелна лента на Валандовско брдо каде што ќе има целосно двојно насочен сообраќај и директно ќе ја поврземе со автопатот. Веќе почнуваме со експресното решение Штип-Радовиш, коешто ќе се надоврзe на новото решение Радовиш-Струмица. Директно го правиме брзиот пат од Струмица до бугарската граница, а работиме и на новата проектна документација за автопатско поврзување Струмица – Вељуса – Удово. Струмица ќе биде модерен град поврзан со светот со одлични перспективи“, соопшти претседателот Зоран Заев на синоќешниот митинг којшто се одржа во Струмица.