fbpx

Спасовски:Општина Илинден ќе се гради по план,обезбедуваме и државна социјална пензија, го враќаме стажот како услов за пензионирање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вчера имаше средба со жителите на Општина Илинден од кои побара силна поддршка за кандидатката за градоначалник Мартина Ивковска и советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

Тој најави низа мерки кои што се во интерес на граѓаните меѓу кои и можноста да се врати работниот стаж како услов за пензионирање.

„Од јануари воведуваме зелена нафта за земјоделците во Република Македонија, за поевтино производство. Воведуваме државна социјална пензија за секој граѓанин во Македонија со 64 години. Кој нема стаж или нема 15 години стаж ќе добие државна социјална пензија, за достоинствена старост, да не зависи од никој. Најавувавме и враќање на условот за стаж за пензионирање, покрај старост 62 години за жени и 64 години за мажи, нашите граѓани ќе можат да се пензионираат и со 35 години стаж за жени или 40 години стаж за мажи. Тоа е можност на сите оние кои имаат стаж, но не исполнуваат години старост да имаат соодветни примања“, рече потпретседателот Спасовски.

Тој повтори дека за СДСМ секој граѓанин на Македонија е важен и дека мора да се обезбедат подеднакви услови за живот.

„Мора заеднички да се избориме да имаме здрава вода за пиење, да имаме здрава животна средина, за да имаме здрава нација. Здравјето не смееме во ниту еден момент да го мериме со пари и со проценти колку ќе ставиме на сметка. Затоа целата поддршка на Владата на Македонија ќе ја добие општина Илинден и идната градоначалничка Мартина, да направиме фекални канализации во сите села, да го изградиме долгоочекуваниот здравствен дом овде во Илинден, да направиме нови детски градинки, да можеме овие луѓе кои што тука живеат да останат овде. Затоа што Илинден е општина која расте, треба тој тренд да го продолжиме“, порача вчера Спасовски од Општина Илинден.

Последни вести