Соопштение за јавност
За време на осумгодишното владеење, Коце Трајановски се докажа единствено во уништување на зелените површини, одземање на парковите и јавните простори, како и исполнување на криминалните интереси на неговиот шеф Никола Груевски. Енормното загадување на воздухот е најголемиот проект што Коце Трајановски им го остави на граѓаните на Скопје.
Коце Трајановски го игнорираше потребите на граѓаните а нивните пари ги трошеше за палми, барок, споменици, врби во Вардар, лажни бродови, тркала и за да ги задоволи криминалните апетити на Груевски.
За разлика од таквиот расипнички однос, програмата на СДСМ и програмата на кандидатот за градоначалник Петре Шилегов, ги следат потребите на граѓаните и нудат решенија за сите проблеми од кои ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски или бегаа или пак нудеа половични и популистички решенија.
Граѓаните го препознаа расипништвото на Трајановски и затоа на 15 октомври ќе изберат нова градска администрација предводена од СДСМ, што ќе работи во интерес на Скопје и неговите граѓани.
Скопје, 11.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА