Соопштение за јавност
Почитувани,
На синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Радовиш, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика граѓаните да ги заокружат промените и да ја дозавршат работата до крај за секаде да се почувствуваат промените.
„Македонија отвори ново поглавје. Груевски е навистина минато свршено време. И тоа не се враќа. Но треба да отвориме ново поглавје кое што ќе донесе живот еднакво за сите. Животот не е само работа на младите да им најдеме. Тоа е секако приоритет. Животот е и да им обезбедиме и достоинствена плата. Но, и тоа не е доволно. Животот е добра инфраструктура. Животот е театарски претстави во овие домови на култура. Животот е полни трибини навивачи и полни и успешни спортски клубови. Да го вратиме и фудбалот и борењето во Радовиш. Да бидат полни и поддржани и стадионите, и салите, но и сите спортски клубови. Животот во Радовиш е и здрава вода за пиење за сите. Значи и нови цевки за водоснабдување на градот и населените места наместо азбестните цевки. Животот во Радовиш значи и нови улици, и нови тротоари и нови штедливи светилки. Животот во Радовиш значи модерна современа општина како што ја личи во 21 век.“ посочи претседателот Заев.
Претседателот Заев порача дека Радовиш ќе ја има целата негова поддршка и помош со сиот капацитет што го поседува државата.
„Ајде Радовиш на 15 октомври да се одважиме авангардно достоинтвено да гласаме за бројот 19, да гласаме за Коле Чанакчиев и оваа советничка листа. Да гласаме за Герасим Конзулов, новиот градоначалник на Радовиш“ повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на синоќешниот митинг на СДСМ и коалицијата во Радовиш.