fbpx

Кирацовски: Преку низа мерки ќе ги задржиме младите во Чучер Сандево, носиме живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство, за само четири месеци, докажа дека е подготвена да ги решава долгогодишните проблеми, а истото тоа ќе го докаже и советничката група од СДСМ и коалицијата во Советот на општина Чучер Сандево, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во синоќешното обраќање пред граѓаните на оваа општина.

„И како парламентарно мнозинство и како централна власт ќе го помагаме Чучер Сандево за младите да останат овде и овде да ја градат својата иднина. Не смееме да дозволиме младите да ни заминуваат од родните места, затоа предвидовме низа мерки преку кои ќе се задржат младите тука. Обезбедивме неповратни 10 000 евра за млади земјоделци, а наскоро ќе започне и проектот преку кој со 10 000 евра ќе се наградуваат најдобрите бизнис идеи на младите претприемачи.“ порача Кирацовски.

Генералниот секретар Кирацовски пред граѓаните повика на масовна поддршка на листата за советници на СДСМ и коалицијата бидејќи тоа е квалитетен тим кој од општина Чучер Сандево ќе направи општина за гордост и посакувано место за живеење.

 

 

Последни вести