fbpx

Денеска на агендата на Шилегов, општина Шуто Оризари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, во текот на деветтиот ден од кампањата за локални избори 2017 (03-ти октомври), одржа два масовни митинзи во општините Центар и Карпош.

Претходно оствари голем број на средби со граѓаните на Бит Пазар и Старата турска чаршија, а ги посети и граѓаните од Љубин, Сарај и Шишево.

„Она што го почнавме на 11 декември заеднички да го реализираме и на локално ниво, со цел да се стави ред и во трговијата и во функционирањето на пазарите во Скопје. На Бит пазар се сретнавме и со продавачите и со купувачите. Благодарност до еснафот на пазарџии, кој овозможи една ваква средба. Денес на пазарот се сретнавме со граѓаните на Скопје, кои што се од двете страни на тезгите. Разговаравме и за проблемите на пазарџиите и за проблемите на граѓаните кои што треба да ги платат средствата за да ја набават робата. Низ чаршијата разговаравме која е потребната инфраструктура на пазарот, за да може да го направиме приодот на луѓето и подобар и поквалитетен, поедноставен и не со ваков хаос што владее, со цел да се одржи континуитетот на традицијата на Бит пазар, како едно култно место во Скопје. И да ги вратиме луѓето внатре во Скопската чаршија, не само странските, туку и домашните гости“, порача Шилегов.

На митингот во Центар, Петре Шилегов истакна: „Јас и мојот тим имаме јасна визија како Скопје да стане град кој ќе работи за тебе. Скопје ќе стане град во кој секој ќе се пронајде. Секој ќе добие шанса да живее и да функционира онака како што посакува. Скопје ќе стане град кој поврзува – сите заедно ќе направиме градот да зрачи со позитивна енергија. Да биде модерен европски град, во кој живеењето ќе биде лесно, едноставно“.

„Стевчо, Никола, разберете, од вечерва сте историја! На 15 октомври ќе нанесеме уште еден тежок пораз на распаднатиот режим на Никола Груевски. На овие избори ставаме крај на децениското криминално и бездушно владеење со нашите животи. На овие избори покажуваме дека сакаме европски Карпош, европско Скопје и европска Македонија. Да гласаме за промени, за Скопје да стане модерен европски град. На 15 Октомври да донесеме уште една конечна победа за Скопје и за Македонија. Парите ќе се трошат наменски и соодветно, а не за споменици, за палми и за лажни вредности, додека Скопје и при најмал дожд се дави, затоа што нема соодветна атмосферска канализација“, е дел од пораката што Шилегов ја испрати од митингот во општина Карпош.

Утрово, Шилегов ќе одржи средба со комора за мал бизнис и здружение за енергетска ефикасност a ќе се сретне со дефектолозите од Скопје. Шилегов ќе ги посети жителите на општина Шуто Оризари. На главната улица кај Зегин, точно на пладне ќе даде изјава за медиуми.

Потоа, Шилегов ќе оствари средба со граѓански сектор во НВО Ириз или Амбрела.

 

 

 

Последни вести