fbpx

Николовски во општина Чашка: На 15 октомври да го потврдиме концептот за живот во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше беше во посета на Општина Чашка каде што се обрати на митнигот на СДСМ и каолицијата.

„За овие 120 дена како Влада покажавме како навистина изгледа грижата кон земјоделците. Ги скративме непродуктивните трошоци и ослободивме повеќе пари за поддршка на земјоделците. Наскоро започнуваме целосна ревизија на распределбата на земјоделското земјиште, пасиштата и ловиштата. Ќе се санкционира секоја неправилност. Земјоделското земјиште ќе се врати назад кај вистинските земјоделци и сточари. Ќе ја исправиме неправдата за да има живот за сите“ порача потпретседателот Николовски.

Николовски ги повика граѓаните на општина Чашка да изберат иднина наместо криминал и нова локална власт што ќе обезбеди живот за сите.

„Со поддршка на кандитатите на СДСМ и коалицијата, промените што се случија на централно ниво ќе се заокружат и на локално ниво и ќе се потврди концептот на едно општество и живот за сите во Македонија,“ порача Николовски пред граѓаните.

 

 

 

Последни вести