fbpx

Заев од Берово: Што ќе кажат граѓаните, тоа ќе се гради, секој граѓанин ќе има поддршка, ајде да ги завршиме промените што ги почнавме!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Секој граѓанин, со каков предизвик и да се соочи, градоначалникот, општината, ако треба цела држава, ќе застане зад него да помогне.

Граѓаните ќе кажуваат што ќе се гради. Што ќе кажат граѓаните тоа ќе биде закон и за градоначалникот и за советниците и за извршната власт, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг во Берово.

-Ќе изградиме отворени општини, граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Не може во селата асфалт да нема. Ќе има рамномерен регионален развој вo Македонија. Локален економски развој значи локални производствени капацитети. Целта мора да биде луѓето да имаат повеќе пари во местото каде живеат. Ако луѓето имаат пари, ќе останат да ни живеат во Македонија, рече претседателот Заев.

-Ајде да ги завршиме промените што ги почнавме заедно! За живот во Берово за сите, живот во Македонија за сите, заокружете број 19 на локалните избори на 15 октомври, повика меѓу другото претседателот Зоран Заев на митингот во Берово.

 

 

 

Последни вести