Соопштение за јавност
Доколку ВМРО-ДПМНЕ и Данев беа навистина загрижени за економијата, немаше да ја презадолжат државата со јавен долг од над 50% од БДП и немаше да остават уништена економија којашто сега владата предводена од СДСМ ја покренува.
Владата предводена од СДСМ со одговорното и успешно управување со финансите ја стабилизира економијата.
Министерството за финансии за таа цел изготви четиригодишен план за реформи во јавните финансии, среднорочното буџетско планирање, фискални правила и фискален совет, транспарентност, унапредување на управувањето со системот на јавни набавки и подобра внатрешна и надворешна финансиска контрола.
Познати светски финансиски институции во своите извештаи изразија позитивни очекувања за растот на економијата и континуитет во спроведување на економските политики кои ќе придонесат за тоа.
Заврши времето на неконтролираното, нетранспарентно и расипничко задолжување за криминално богатење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ одговорно управува со буџетските средства, ги крати непродуктивните трошоци, ја намалува зачестеноста на задолжувањата и обезбедува повеќе пари за граѓаните. По промените на локалните избори, таквиот пристап ќе продолжи и на локално ниво.
Скопје, 29.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА