Соопштение за јавност
СДСМ поднесе амандман со кој бара да се обезбедат средства за субвенционирање на фотоволтаичните електрани на покриви на домаќинствата. Со ова, покрај зелената транзиција, ќе им овозможи на граѓаните помали сметки за електрична енергија како и активно да придонесат во создавањето на одржлива енергетска иднина, раче пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески на комисијата за финансирање на буџет.
-. Субвенционирањето на фотоволтаичните системи, не само што ќе ја намали зависноста на домаќинствата од фосилни горива, туку и ќе ги поттикне граѓаните да користат обновливи извори на енергија, со што ќе се намали оптоварувањето на традиционалните енергетски капацитети. Оваа мерка е во согласност со националните и европските цели за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и зголемување на енергетската ефикасност, рече Трајчулески.
Тој потенцираше дека со субвенционирањето на фотоволтаичните електрани не само што ќе се поттикне локалното производство на чиста енергија, туку и ќе се намалат сметките за електрична енергија на домаќинствата.
СДСМ поднесе и амандман за обезбедување средства од 6 милиони денари за субвенционирање на транспортни компании кои ќе ги го заменат користењето на возила на фосилни горива со електрични возила. Ова поддршка е во насока на засилена зелена транзиција и има за цел да ја намали емисијата на штетни гасови и да го подобри квалитетот на воздухот.
Ова субвенционирање е поттик за цела транспортна индустрија да се ориентира кон одржливи решенија и енергетска ефикасниот со долгорочни ефекти кон животна средина и економијата во земјата.
Заменик министерот за финансии и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги одбија и двата амандмани предложени од СДСМ.