Соопштение за јавност
Нов почеток, со нова енергија, со кадровско подмладување, ставање во функција на млади кадри, кои навистина имаат голема желба, волја, да се впрегнат во работа за социјалдемократските идеи, како што е еднаквоста, правдата, солидарноста, истакна членот на новоизбраниот ЦО на СДСМ Мартин Костовски, во врска со одржувањето на двата Конгреси на СДСМ, при гостување во вестите на МТВ.
Костовски додаде дека по изборот на ЦО од 13 членови, оваа недела продолжува да се заокружува целиот процес на реорганизирање и ребрендирање на кадровскиот потенцијал, односно раководството на СДСМ.
Тука сме со нови сили, нови идеи, со желба за што побрзо враќање на политичката сцена, како единствена опозициона партија, којашто може да го победи ВМРО-ДПМНЕ, рече Костовски, додавајќи дека СДСМ има доволно време за консолидација, пред локалните избори.
Незадоволството од работата на ВМРО-ДПМНЕ е на едно многу завдидно ниво. Секојдневно пристапуваат или се враќаат сите оние разочарани членови на СДСМ, членови, коишто апстинирале да се вклучат во кампањата или да гласаат за листите, коишто беа предложени на 8 мај, а особено членови на движењето Знам, кое се изроди од СДСМ како матична партија.
Секојдневно во сите ОО сме сведоци на поддршката на новото раководство на СДСМ така ќе бидеме и те како спремни на претстојните локлани избори, а срамжеливо се најавуваа можни предвремени парламентарни избори и за тоа сме спремни да одговориме квалитетно и навремено, рече Костовски.
Тој нагласи дека сите изборни ветувања паднаа во вода од страна ВМРО-ДПМНЕ, во најголем дел направија заблуда на македонскиот народ и сите тие 600.000 гласа кои што многу ги рептираат во јавноста од ден на ден се намалуваат.
Ние длабоко ја плативме нашата државотворна улога, бидејќи ние немавме воопшто ниту страв ниту пресметка во главите како да се поставиме во однос на државотворните прашањата како што се влез во НАТО, почнување на преговори со ЕУ и де факто колку и да не му се допаѓа тоа некому, гледаме како министрите од ВМРО-ДПМНЕ се сликаат во НАТО, гледаме како даваат некои нови идеи за отпочнување на процесот на преговарите, рече Костовски.
Костовски нагласи дека доколку успеат од ВМРО-ДПМНЕ да најдат нов модалитет во однос на одложено дејство на уставните измени, СДСМ ќе ги поддржи.
Ние ќе поддржиме се што е добро за Македонија. Не играме егоистично во својата позиција на политичката сцена, туку етаблирано преку квалитетни државотворни политики настапуваме, и во иднина ќе биде така, порача членот на ЦО на СДСМ Мартин Костовски.