fbpx

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за развој во тетовско

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Амандманот предложен од пратеници од СДСМ, со кој треба да се обезбедат средства за изградба на клучка од излезот на општина Брвеница на автопатот Мајка Тереза кон Скопје, беше одбиен од заменик министерот за финансии на собраниската комисија за финансирање на буџет.

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во расправата по амандманот рече дека изградбата на оваа клучка ќе ја олесни мобилноста на населението на општина Брвеница, не само на оваа општина, туку и на технолошката-индустриска развојна зона во Тетово.

– Со изградбата на клучката кон автопатот Мајка Тереза ќе се овозможат услови за вистински регионален и економски развој на цел тој регион во општините, не само Брвеница, туку и Желино, Тетово и околните села, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

И овој амандман предложен од СДСМ, беше одбиен од министерот за финансии.

Последни вести