fbpx

Концептот на Никола Груевски поврзан со крминал и деструкција, граѓаните го отфрлија, доаѓаат промени и на локално ниво

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Концептот на Никола Груевски, криминалот, корупцијата, деструкцијата и расипништвото доживеа пораз на централно, следува пораз на неговите криминални политики и на локално ниво.

Со своето арогантно однесување, како продолжена рака на Груевски, крадоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не покажаа слух за потребите и интересите на граѓаните туку делуваа како клинети на корупцијата за нивниот шеф.

Заврши времето на крадоначалниците на Никола Груевски.

На општините, на општините им е потребен концепт за враќање на животот во секое населено место, во секој град.

На претстојните локални избори граѓаните ќе изберат нови локални власти предводени од СДСМ кои ќе донесат нов и чесен пристап за развој на општините како отворени и услужни, општини за сите.

 

Скопје, 16.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести