fbpx

ВМРО-ДПМНЕ повторно лаже, постапката за пренамена на земјоделското земјиште е законска и почната од поранешната Влада

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Скандалозното ширење на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека oпозициската партија работи спротивно на јавниот интерес и спротивно на потребите на граѓаните.

Лажни вести се информациите што ВМРО-ДПМНЕ ги шири за наводно незаконско пренаменување на земјоделско земјиште во градежно земјиште за изградба на МХЕЦ Тополка.

Она што е релевантна и вистинита информација е дека постапката се одвива согласно член 49 од Законот за земјоделско земјиште, по кој владата на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство носи одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште. Вистината е дека целокупната документација за МХЕЦ Тополка била добиена во времето на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, односно барањето за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е доставено од поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на 22.11.2016 година.

За оваа одлука и Државната комисија за спречување на корупција се изјасни дека не постои законска пречка владата да ја разгледа и усвои информацијата и да донесе одлука за пренамена на земјоделското земјиште во градежно.

Никој повеќе не верува на лагите, клеветите и невистините што ги шири нереформираната ВМРО-ДПМНЕ во обид да ги прикрие штетите што им ги предизвика на граѓаните со своето деценсико криминално и коруптивно владеење!

 

Скопје, 17.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести