fbpx

Испливува на површина криминалот на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните секојдневно сведочат за незаконското работење на кадрите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е кривичната пријава против блискиот соработник на Груевски, Миле Јанакиески, кој е првообвинет за нелегална продажба на државни станови.

Со кривичната пријава против Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, на површина испливуваат криминалите на соработниците на Груевски.

Овие предмети се мал доказ дека криминалното работење во ВМРО-ДПМНЕ било присутно на секое ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ правеше секакви деструкции и блокади во Собранието за да ја спречи смената на нивниот заштитник Марко Зврлевски.

Залудни беа обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат Зврлевски и со тоа да се спасат од одговорноста. Залудни ќе бидат и обидите да ги спречат реформите во судството што носат независен и професионален судски систем и правда за сите. Македонија станува правна држава и секој кој го прекршил законот ќе мора да сноси одговорност.

 

Скопје, 07.09.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести