fbpx

Темелковски: Кисела Вода беше запоставена, новата локална власт предводена од СДСМ ќе се зафати со решавање на клучните проблеми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, Филип Темелковски, во своето обраќање по повод 8 септември, Ден на независноста, порача дека Кисела Вода има проблеми кои се таложат со години и дека по промената, новата локалната власт предводена од СДСМ ќе се зафати со решавање на клучните проблеми.

-Нашата општина со години е запоставена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе се промени. Ги имаме решенија за нашата општина. По промената на локалната власт, општината ќе работи во интерес на сите граѓани. Ќе ги зголемиме зелените површини со нови паркови, наместо граѓаните да дишат смог ќе создадеме средина со чист воздух. На нашите деца на им обезбедиме безбедни улици за безбедно да одат до училиштата, посочи Темелковски.

Во своето обраќање, Темелковски додаде дека е време Општина Кисела Вода да добие домаќинска, одговорна и посветена локална власт.

 

 

 

 

Последни вести