fbpx

СДСМ: Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Цените на намирниците уриваат рекорди, а Мицкоски не храни со лаги

Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, според Државниот завод за статистика. Оваа бројка не е само статистика, туку директен удар врз секој граѓанин, врз секој семеен буџет. Цените растат, трпезите се празнат пред празниците – дали ова е добрата иднина што ни ја ветуваа?

Секој ден сè потешко се живее, потешко се пазари и граѓаните се се посиромашни. Наместо да работи за граѓаните и нивните интереси, Владата на Мицкоски ги штити трговците. Секој од нас ја плаќа нивната неспособност – дали сме должни да се откажеме од пристоен живот за време на празниците заради нивните тесно партиски интереси и неспособност?

Новогодишната „кошничка“, која ја најавуваат, е само уште една манипулација за да го одвлечат вниманието. Исто како „есенската кошничка“, која наместо поевтини производи донесе само разочарување. Владата нè храни со лаги, а цените само растат!

Додека цените растат, платите стојат. Животот станува луксуз за обичниот човек. Ова не е грижата што народот ја заслужува.

СДСМ уште еднаш повикува на итно преземање на мерки што ќе го олеснат животот на граѓаните. Итно прифаќање на предлозите кои ги даде СДСМ кои докажано функционираат и ќе ги намалат вистински цените. Доста е од лаги и манипулации кои граѓаните сами ги препознаваат во маркетите. Секоја лоша политика на Мицкоски удира директно по џебто на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат сигурност, стабилност и реални решенија – не празни ветувања и трикови.Време е Владата конечно да работи за граѓаните. Во спротивно, оваа зима ќе остане запаметена како периодот кога народот скапо ја плати туѓата неспособност.

Последни вести