Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Скандал, сопруга на градоначалник од ДПМНЕ е избрана за член на Судски совет
Наместо реформи гледаме бртална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Скандалозен е изборот на Данка Ристова за нов член на судскиот совет, избарана е сопруга на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш, Ацо Ристов.
Ова се партиски инсталации во судството како во време на режимот. Истото тоа што го правеше ДПМНЕ порано се прави и сега.
Чист обид за поставување на контролирано, партиско судство кое нема да служи на граѓаните, туку на нивните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството по контрола и сега тоа го докажува на дело.