Соопштение за јавност
Митрески до Кочоска: Во буџетот имате разлика од 809 милиони евра, зошто прикажувате лажен дефицит?
Пратеникот на СДСМ Јован Митрески на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска поврзано со приходите во делот за Буџет за 2025 година, односно прикажување на приходите во буџет и со тоа прикажување лажен буџетски дефицит.
Прашањето до министерката е од кое ниво на власт планира во централниот буџет се слеат 475 милиони евра или 809 милиони евра разлика од Буџет за 2024 година.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:
Во првиот буџет, во буџетот којшто го разгледувавме на Комисијата за финансирање, планиравте дека од други нивоа на власт во централниот буџет ќе влезат, над 15 милијарди денари или над 250 милиони евра.
Во дополнетиот предлог на буџет, значи после 20 дена, планирате дополнителни 140 милиони евра, или вкупно 475 милиони евра.
Ако гледаме историски и ако гледаме што е логички и реално, трансфери од други нивоа на власт е од централниот буџет кон другите нивоа на власт. Вие со овој буџет, предлагате и предвидувате дека од други нивоа на власт во централниот буџет ќе се слеат околу 475 милиони евра.
Ако правиме разлика меѓу другите буџети или буџетите од претходните години, тогаш во однос на 2024 година, на тоа што било планирано, се планирало минус 334 милиони евра.
Односно 334 милиони евра да одат од централниот буџет кон другите нивоа на власт, и сега правиме фантастична разлика од 809 милиони евра. Значи ваква разлика со дополнет предлог и со тоа што било планирано за 2024 година е 809 милиони евра.
Ако правиме разлика со претходните буџети, добиваме со буџетот за 2022 и 2023 разлика од над 1 милијарда евра.
Ова, создава сомнеж дека приходите не се добро планирани, создава сомнеж дека при недобро планирани приходи имаме лошо планирање на трошоците.
Ако приходите не се такви какви што треба да се, тогаш даваме можност да се создаваат долгови во буџетските корисници и на крај сомнежот којшто се јавува е дека ова се прави единствено за да се прикаже лажен буџетски дефицит. Значи да не е тој реалниот што ќе се случи во 2025 година туку се прикажува со дополнетиот предлог буџет на помал износ.
Значи, моето прашањето е од кој нивоа на власт планирате во централен буџет се слеат 475 милиони евра или 809 милиони евра разлика од буџет за 2024 година?