Соопштение за јавност
За разлика од криминалниот пристап на Никола Груевски чии што зделки беа симбол на корупција, криминал и неспособност, Владата предводена од СДСМ ги надминува напластените проблеми и сериозно работи на развој на инфраструктурата.
Додека Груевски договарал провизии за својот џеб, само за автопатот Кичево-Охрид направени се пропусти и грешки кои ги чинат граѓаните дополнителни 100 милиони евра. Овие штети Владата предводена од СДСМ ги санира за да може да се заврши изградбата. Дополнително, обезбедени се средства во висина од 35,4 милиони евра за изградба на експресниот пат Дреново-Градско со што ќе може да се изгради и овој патен правец.
Залудни се празните обвинувања и лажната загриженост на Груевски.
Владата предводена од СДСМ ја модернизира инфраструктурата и го враќа меѓународниот углед на државата што ВМРО-ДПМНЕ го урнисуваше.
Скопје, 29.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА