Соопштение за јавност
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски упати честитка до сите верници кои го чествуваат.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име ви го честитам денешниот празник Успение на Пресвета Богородица. Во овие мигови на спокој испраќаме порака за сплотеност, посветеност и заедништво кон вистинските вредности. Да бидеме скромни и горди во денешното празнување и да се сплотиме околу заедничките вредности што носат мир, меѓусебна почит и напредок за сите.
Нека е за многу години денешниот празник и нека не води кон посветла и подобра иднина за сите нас.“
Скопје, 28.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА