fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваше институциите за притисок врз бизнис секторот, институциите денес работат во служба на законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заврши времето кога бизнис секторот селективно беше казнуван, заплашуван и понижуван од институциите што беа заробени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Ослободувањето на институциите значи нивна професионализација и почитување на законските прописи што важат подеднакво за сите граѓани и правни лица во Република Македонија.

Лицемерни и лажни се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна селективност на институциите бидејќи токму Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребуваа заробените институции за уцени, притисоци и заплашувања врз приватниот сектор. Заврши времето кога институциите работеа на исполнување на желбите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие денес работат како професионален сервис на граѓаните и во служба на законите.

Скопје, 29.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести