Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна што ги игнорира релевантните вистинити информации од државните институции и пласира лажни вести.
Лага е дека се намалуваат бруто и нето просечната плата.
Вистината е дека има зголемување и на бруто и на нето просечната плата во месец јуни 2017 во однос на истиот месец во 2016 година заради зголемување на исплатената просечна месечна плата по врабтен во дејностите уметност, забава и рекреација, стручни, научни и технички дејности, рударство, вадење на камен.
ВМРО-ДПМНЕ креира лажни вести за да ги прикрие штетите направени со промашените економски политики кои ги спроведуваа цели 11 години додека владата предводена од СДСМ работи отчетно и транспарентно, ги санира направените штети и го подобрува животниот стандард на граѓаните!
Скопје, 24.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА