fbpx

Парите се враќаат кај граѓаните, се санираат штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше 11 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто под водство на Никола Груевски расипнички и криминално владееше цели 11 години и предизвика 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштија, а 626.312 граѓани да си заминат од земјата во потрага по нормален живот и достоинствена работа.

Непродуктивните трошоци што претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ си ги испланирала за луксузирање, скапи и богати ручеци, службени патувања и реклами во основниот буџет за 2017 година, со ребалансот новата влада ги скрати и тие пари ги насочи за потребите на граѓаните, за зголемување на минималната плата на 12.000 денари, за трајно решавање на статусот на 3.000 стечајни работници, за поголема државна помош на малите и средни претпријатија и домашни инвестиции.

Владата предводена од СДСМ со одговорни економски политики ја закрепнува уништената економија од 11 годишното нестручно, алчно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги цедеше парите од буџетот преку криминални тендери и зделки во џебовите на поранешни функционери од партијата.

За разлика од ваквото расипничко работење на штета на граѓаните, денеска парите од буџетот преку неговите редистрибутивни механизми се насочуваат за потребите на граѓаните и подобрување на животниот стандард!

 

Скопје, 25.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести