fbpx

Костова за „Рацин“: Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е неспособна да се справи со економските предизвици

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин“ истакна дека после само седум месеци, се гледа дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е неспособна, па дури и како да нема интерес, да се справи со економските предизвици.
Цените на основните производи вртоглаво растат, одлеани се десетици милиони евра од џебовите на граѓаните, разликата помеѓу приходите и трошоците никогаш не била поголема, а растот на платите е стопиран, нагласи Костова, додавајќи дека нема откуп на оризот, укинати се субвенции за предадено јаболко, а откупот на тутунот се одвива со цени за околу 30% пониски од оние минатата година.
Костова истакна дека сето тоа е „украсено“ со сомнителниот кредит од Унгарија, за кој граѓаните ќе плаќаат превисока камата, иако парите од истите се пласираат на компаниите.
Кредит земен само за да им се даде „гориво“ за работа на дпмневските градоначалници, кои во изминатите три и пол години претураа од шупло во празно и не направија ниту еден суштински значаен проект во Општините кои ги водат, а сепак успеаја да си ги заглават „рачињата во медот“, рече Костова.
Потпртседателката на СДСМ Кристина Костова истакна дека само за споредба, за помалку од седум години владеење, СДСМ успеа да ја покачи минималната плата од 9.000 на 22.567 денари.
Ветувањето за 500 евра просечна плата го надминавме, просечната плата на крајот од нашиот мандат изнесуваше 684 евра. Платите во основно и средно образование ги покачивме за речиси 60%, а значително ги покачивме платите во секој сектор. Стапката на невработеност двојно ја намаливме, во 2016 година беше 24.6%, а во 2024 12.4%. Значи, кога постои политичка волја за покачување на платите и подобрување на животниот стандард, тоа власта може да го направи. Проблем е што кај оваа власт не постои ниту трошка таква волја, порача потпретседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Кристина Костова во интервју за порталот „Рацин“.

Линк до интревјуто:

Кристина Костова: Членството е силата на партијата, не само раководството

Последни вести