Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во сопствената политика на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните.
Додека ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во минатото, Македонија чекори напред. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани.
Впрочем, целиот демократски свет го поздрави историскиот договор помеѓу Македонија и Бугарија, како значаен исчекор кон иднината и евро-атлантските интеграции на Република Македонија, истакнувајќи го значењето но и јакнењето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја потпкопуваше.
Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заради свои лични криминални интереси и на штета на државата ја изолираше Македонија од меѓународните и евро-атланстските процеси. Договорот го рефлектира новото време на соработка, на добрососедство, на празници што обединуваат наместо да делат и на регионален напредок наместо регионални конфликти.
Скопје, 03.08.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА