Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев во рамки на посетата на Босна и Херцеговина, оствари средба со претседателот на Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.
На средбата, лидерите на двете партии се согласија дека почитувањето на демократските вредности е заеднички интерес за Република Македонија и Босна и Херцеговина, истовремено потенцирајќи дека единствено солидарните општества можат да изградат стабилен регион и стабилна Европа.