fbpx

ДПМНЕ лаже и манипулира, протестите не се прашање на партија туку на правда!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ лаже и манипулира, протестите не се прашање на партија туку на правда!

Додека граѓаните се во болка, додека едно семејство ја губи својата ќерка, ВМРО-ДПМНЕ оди по својата стара матрица – гази по трагедија за да се одбрани политички. Ова е партијата што нема граници, нема срам и нема морал.

Наместо да најдат решение за проблемите, тие шират лаги, спинуваат и бараат виновници во СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека СДСМ не е криво што Васов добил телефон во Шутка! СДСМ не го стави неговиот татко на висока воена позиција под заштита на оваа власт! СДСМ не ја избра судијката Алексовска Стојановска, ВМРО-ДПМНЕ ја избра од тефтерчето на Гордана Јанкуловска.

Денес, наместо да покажат минимум човечност и да застанат на страната на правдата, тие повторно лажат и манипулираат. Ги политизираат протестите, сакаат да го скршат отпорот на граѓаните, сакаат да ги замолчат луѓето што бараат правда.

ВМРО-ДПМНЕ можеби мисли дека ако доволно долго ја повторува својата лага, таа ќе стане вистина. Но, граѓаните нема да дозволат оваа трагедија да се претвори во уште една политичка манипулација. Ова не е прашање на партија, ова е прашање на правда!

Им порачуваме да престанат да ја гушат правдата и револтот. Така докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ штити криминалци и гази по човечки судбини само за да ја зачува својата моќ.

Последни вести