fbpx

Владата предводена од СДСМ вложува во квалитетно образование наместо во несоодветни проекти како што правеше ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денешната наводна грижа за образованието во Македонија е само уште еден доказ за лицемерноста на ВМРО-ДПМНЕ. Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост и обвинува за кратење средства за реновирања на училишта и изградба на сали, нивните градоначалници не издаваат одобренија за градби и на тој начин го опструираат процесот. Наместо да прикажува лажна загриженост, ВМРО-ДПМНЕ да објасни зошто денес студентските домови должат над 300 милиони денари.

Заврши времето кога парите во образоаванието се трошеа за спроведување на избрзани и несоодветни проекти во образованието, кои служеа само за богатење на поединци и одеа на штета на наставниците, учениците и целиот образовен систем, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Со ребалансот на Буџетот се става крај на неодговорното и расипничко трошење на парите на граѓаните, а тоа ќе значи повеќе пари кај граѓаните и решавање на сериозни проблеми. Во образованието тоа значи и нови 35 милиони денари за студентски стандард, 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини и вложување во квалитетно образование, наместо во криминални и несоодветни проекти како што правеше ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 11.07.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести