fbpx

Мицкоски со саати од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошнишка за достоинствен живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски со саати од 60.000 евра не може да разбере што е синдикална кошнишка за достоинствен живот

Минималната синдикална кошничка којашто ја пресметува Синдикатот е пресметана сума на пари која го одразува минимумот за достоинствен живот на едно четиричлено семејство.

Премиерот со лукзусни саати од 60.000 евра и лукзузна гардероба од неколку илјади евра тоа не може да го разбере.

Проблемот не е што јаде премиерот, туку што многу граѓани немаат доволно пари за храна, леб, месо, млеко, за сметки и основни потреби.

Во македонските семејства каде што двајцата родители примаат минимални плати, макотрпната работа е неопходна само за да се покријат основните месечни трошоци а парите не им стигнуваат.

Додека цените постојано растат, владата не презема ништо за да им помогне. Овие семејства немаат луксуз да купуваат часовници од 60.000 евра како Мицкоски – тие едвај врзуваат крај со крај за да преживеат.

Владата има обврска да им обезбеди услови за достоинствен живот, а не да ги убедува дека не треба да бараат повисоки плати.

Затоа, минималната плата мора да се зголеми и не смее да биде под 500 евра, како основен праг што ќе им овозможи на граѓаните да ги покријат своите основни потреби и да не живеат во сиромаштија.

Последни вести