Соопштение за јавност
Костова: Во општините водени од ДПМНЕ драстично се качени цените на комунланите услуги
Цените на храната во светот паѓаат, а само во Македонија растат. 13.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија со 150 денари на ден. 20.000 граѓани живеат со минимачна плата, тоа значи дека неможе да си ги овозможат најосновните нешта кои се дел од синдикалната кошничка, нагласи потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија.
Костова истакна дека граѓаните се доведени во ситуација да бираат дали да стават храна на маса за децата или да платат сметки за струја, за греење па дури и сметките од локланите претпријатија кои од 2021 секаде се качени.
Во секој опоштииа имаме различна ситуација, ама ако општината е водена од ДПМНЕ се качуваат и тоа значително цените на услугите, кои граѓаните ги добиваат. На пример во Прилеп комуналните услуги качени за 67% во изминатите три години, водата за пиење за 25%, градски превоз за 50%, данок на имот за 100%, поскап паркинг и покрај тоа што се обезбедени 90 мил денари во време на владата на СДСМ се уште нема изградено фабрика за рециклирање на отпад, нагласи Костова.
Таа посочи дека и состојбата во Штип е слична.
Во Штип цената на водата за пиење изнесувала 33,76 денари за време на владеење на СДСМ во 2021, сега 40,14 денари – 26 % покачување. Добиваме сметки од ЈП Исар и таму има неколку ставки на пример за канализација е покчаена за 16%, собирање смет за 120%, за зеленило, тоа малку што остана, е покачено за 200%. Ако една просечна сметка била 870 денари, сега за иста потрошувачка е 1398 денари месечно, во просек секое семејство за ЈП Исар издвојува годишно 100 евра повеќе. Заголемен е и данокот превод на имот, нагласи Костова, додавајќи дека се вадат пари од џебовите на граѓаните за да одат понатаму во трошење од дпмнејски институции.
Ние се водевме по максимата парите ги враќаме назад кај граѓаните и тоа беше на секој креативен начин овозможено, дали преку мерката МојДДВ, која беше добро прифатена од сите граѓани. Само во последната година од владеењето на СДСМ 663 милиони евра беа одвоени за последниот пакет антикризни мерки, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Клан дебата“ на Клан телевизија.