fbpx

Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јован Митрески, пратеник на СДСМ

Денеска се покажа уште едно лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите.

Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице. Пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа против тоа, на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието, Африм Гаши, да закаже седница за да се реши статусот на бранителите.

Само пред неколку месеци, како тогашна опозиција, блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители.

Еве ги сликите кои тогаш ги покажуваа и со кои условуваа носење на други закони се додека не се донесе Законот за бранители.

Денеска истите тие пратеници кои тогаш, пред носењето на други закони, нарекуваа дека тоа е политичка шизофренија истите тие денеска го блокираа законот за решавање на статусот на бранители.

Овие лицемери денеска гласаа против бранителите и денеска може да се констатира дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што кажаа излажаа.

Почитувани граѓани,

Ова парламентарно мнозинство е лицемерно и неспособно. За нивната неспособност веќе предлагаме закони со кои ќе помогнеме на граѓаните од економски аспект.

Предлагаме закони за намалување на ДДВ, на други закони, за намалување на цените и за зголемување на платите, со еден збор за зголемување на животнит стандард на граѓаните.

За нивното лицемерие ќе продолжиме и понатаму да ги вадиме пред лицето на граѓаните, затоа што се што ветуваа излажаа.

Последни вести