Соопштение за јавност
СДСМ, како што се обврза пред граѓаните, ќе предводи Влада која во целост ќе ги спроведе потребните реформи што ќе донесат правда, еднаквост и живот за сите граѓани.
Преку зголемена државна помош за претпријатијата ќе се обезбедат нови работни места и повисоки плати, ќе има повисоки субвенции за земјоделците. Ќе се отворат евро-атлантските перспективи на Македонија, ќе се земат предвид препораките од Извештајот на Прибе и Европската комисија и ќе има и реформи во судството согласно најдобрите европски пракси.
Наместо досегашното партизирано сваровски судство, Македонија ќе добие независно, професионално и неселективно судство пред кое сите ќе бидат еднакви. Македонија кончено мора да стане правна држава со независен судски систем.
Единствените исплашени од правната државата и правдата што доаѓа се Никола Груевски и неговите соработници кои преку децениското криминално владеење и нанесоа огромни штети на државата.
Ќе има одговорност за сите штети што и се направени на Република Македонија и на нејзините граѓани и за тоа ќе нема компромис.
Заврши времето на антиреформската фамилија во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која 10 години владееше криминално за лично богатење. Заврши и времето и на Марко Зврлевски кој ги штити нивните криминали и ја попречува правдата наместо да ја спроведува.
Македонија ќе биде правна држава со еднакви права и обврски за сите.
Скопје, 07.06.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА