Соопштение за јавност
Повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да придонесе кон заокружување на функционалноста на Парламентот, со тоа што ќе предложи членови во собраниските комисии.
Посочуваме дека токму поради несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ не можат да се формираат работните тела на Собранието и да се донесат важни закони од интерес на граѓаните. Тоа во моментов се измените во Изборниот законик што треба да овозможат дефинирање датум за локалните избори и продолжување на мандатот на градоначалниците и советите, како и законските измени за укинување на екстерното тестирање што го очекуваат сите граѓани.
Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивните политики се препознаени и поразени од граѓаните. Потребно е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не се плашат од партиското раководство и наместо да штитат нивни лични интереси да се постават како конструктивна опозиција во Собранието, со што ќе придонесат во незапирливите демократски процеси. Да се формираат собраниските комисии, веднаш да биде укинато екстерното тестирање и да биде дефиниран датумот за локалните избори.
Скопје, 30.05.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА