fbpx

СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност, реакција на изјавата на Мицкоски

Економијата тоне, компаниите не може да исплаќаат плати и отпуштаат вработени, а животниот стандард на граѓаните се влошува поради неспособноста и незаинтересираноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Најновите податоци се загрижувачки – драстично расте бројот на компании кои не можат да исплатат плати, а бројот на отпуштени работници е алармантен.

Официјалните податоци покажуваат дека околу 83.000 работници не ја добиле јануарската плата, а бројот на оние кои не добиле плата е зголемен за три пати во однос на лани! Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ја турка државата во економски колапс.

Компаниите се соочуваат со огромни финансиски проблеми, а Мицкоски и неговите министри не прават ништо за да го спречат економското пропаѓање. Само во минатата година 6% од работниците добиле отказ поради тоа што компаниите немале работа.

Наместо да помогне, Мицкоски го уништува стопанството, што резултира со масовни отпуштања во текстилната, автомобилската и кожарската индустрија. Компаниите се принудени да отпуштаат работници или целосно да се затворат и ова е тренд кој допрва ќе се засилува.

Инфлацијата расте исто така и таа е над 5% а кај храната и до 15% За каков раст зборува премиерот кога луѓето едвај врзуваат крај со крај. До кога ќе ги лаже луѓето дека ние сме економски тигар кога во реалноста граѓатнеи еднај преживуваат.

СДСМ јасно предупредува дека додека Мицкоски ја води Владата, економијата ќе продолжи да пропаѓа, стандардот на граѓаните ќе се влошува, а компаниите ќе затвораат. Даваме предлози и закони кои ќе го запрат пропастот и ВМРО-ДПМНЕ упорно игнорира.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ е економски катастрофа! Наместо конкретни решенија, тие нудат неспособност и лаги, додека граѓаните и стопанството страдаат.

СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилност, заштита на работниците и економски политики што ќе овозможат развој и подобар живот за сите граѓани. Време е за одговорност и итни мерки – Македонија не смее да тоне поради некомпетентноста на оваа власт!

Последни вести