Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска
Тренчевска: Ги замолкнаа, пратеничките од ДПМНЕ се согласија па ја повлекоа осудата на дискриминацијата
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Во месецот во кој треба да ги славиме сите вековни победи за женските права, да искажуваме почит и благодарност кон сите жени кои ги поставиле темелите и стремежите за нашето дејствување, почит и благодарност за сите успеси, за се што е постигнато за еднаквост на жените, ние се соочуваме со скандалозни изјави, говор на омраза и дискриминација кон жените од носителки на високи јавни функции.
Се уште одзвонуват во јавноста зборовите на Гордана Димитриеска Кочоска со кои ги повреди жените во државата но ги повреди и сите граѓани. И наместо извинување од Кочоска, појакание и оставка од морални причини, граѓаните добија дополнително омаловажување и дискриминација.
Клубот на пратенички кој постои како механизам да го заштити дигнитетот на пратеничките во Собранието, да се бори против говорот на омраза кон жените во политиката и да повикува на почитување кон жените пратенички, стана заштитник на политичарки кои дискриминират и омаловажуват жени пратенички.
На вчерашната седница на Клубот на пратенички се постигна договор кој произлезе од дискусиите и со консензус на сите присутни да се објави реакција со која ќе се осуди секоја форма на дискриминација врз жената и секое навредливо, недостоинствено и неразумно однесување со кое се омаловажуват жените во политиката од собраниската говорница.
Но пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ само по неколку часа од седницата се предомислија и ја повлекоа согласноста за објава на реакцијата.
Кој им се јави и кој ги предомисли треба ти е да кажат?
Наместо да се заштитат жените во политиката, пратеничките од ДПМНЕ решија со тоа што ќе го премолчат однесувањето на Кочоска да испратат порака до јавноста дека ја поддржуваат.
Ваквото лицемерно однесување оди на штета на женските права.
Ваквото премолчувања ја доведува во прашање смислата за постоењето на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Зошто ќе ни се овие механизми кога нивната основна функција се минимизира.
Со ваквото однесување се испраќа порака дека женската солидарност е мисловна именка во нашето општество.
Со ваквото однесување во пресрет на 8 март се испраќа порака дека залудни биле вековните борби на нашите претходнички за еднаквост на жените и за почитување на нивните права!