fbpx

Филипче од Струмица: Кочоска не се извини, лицемерни ќе бидат денешните нејзини честитики за жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче од Струмица: Кочоска не се извини, лицемерни ќе бидат денешните нејзини честитики за жените

Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, од денешниот традиционален Осмомартовски марш во Струмица.

При тоа, потенцираше дека е жално што во овој месец на жената јавноста беше сведок на скандалозни изјави со говор на омраза и дискриминација кон жените и тоа од страна на носителка на висока јавна функција. СДСМ ја осудува секоја форма на понижување и навреди меѓу жените, особено кога таа доаѓа од носителки на јавни функции.

„Борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество кое зависи од сите нас. Тоа праведно општество бара од нас да бидеме гласни и да се спротивставиме секојпат кога ќе сведочиме деградација на било која жена.А најмногу кога таа деградација ќе дојде од друга жена и сред нашиот законодавен дом, кој им припаѓа на сите жени граѓанки на оваа држава. Голем срам е жена носителка на јавна функција да е таков непријател на друга жена. Со кој ли образ денеска ќе го честита овој празник? “, рече Филипче.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека токму денешниот марш е за да се каже не на дискриминацијата и нееднакоста, да се испрати порака дека борбата за рамноправност продолжува.

„Овој ден не треба да биде за лошите примери. Овој ден треба да биде за сите останати силно посветени на женската борба. Столб на Социјалдемократијата се и еднаквоста и правдата. Денеска маршираме за овие столбови. Маршираме за да кажеме НЕ на нееднаквоста, НЕ на дискриминацијата, НЕ на насилството“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Последни вести