Соопштение за јавност
Филипче од Осмомартовскиот марш: Без силни жени немаме силна иднина, борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност
Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот 10-тиот традиционален Осмомартовски марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.
Маршот е во организација е Форумот на жени СДСМ, а годинешниот слоган е „Исправени заедно за еднаквост, правда и мир“.
„Десет години маршираме рамноправни едни до други. На денешниот Меѓународен ден на жената, најважно е да кажеме гласно за што делуваме во останатите 365 дена во годината. СДСМ се залага за еднаквост, за правда, за мир. СДСМ се залага за општество во кое секој има еднаква шанса.Од тука, од Струмица, порачувам дека без силни жени немаме силна иднина, вие сте движечката сила на општеството. А столб на социјалдемократијата е прогресот и иднината. Социјалдемократите секогаш гледаат напред. Столб на Социјалдемократијата се и еднаквоста,и правдата. Денеска маршираме за овие столбови. Маршираме за да кажеме НЕ на нееднаквоста, НЕ на дискриминацијата, НЕ на насилството“, рече Филипче.
Во своето обраќање Филипче посочи дека СДСМ останува посветен на борбата за еднакви права, правда и мир, за јакнење на жените сите позиции во општеството.
„Свесни сме дека ова не е доволно и ја продолжуваме борбата. Нам ни треба општество во кое жените се јакнат на сите позиции, без затворени врати. Нам ни треба општество во кое солидарноста ќе ни биде прва асоцијација за жените. Ќе продолжиме да се бориме додека ваквите заложби не ни станат реалноста.СДСМ останува посветен на борбата за еднакви права, правда и мир. Нека е честит 8 Март – Меѓународниот ден на жената“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче од денешниот Осмомартовски марш во Струмица.