fbpx

ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача Пуцко Петрол со тендерите од Министерство?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение – писмена реакција на СДСМ на прес конференцијата на Бојан Стојаноски

ДПМНЕ да ја праша Весна Јаневска колку го појача профитот на Пуцко Петрол со тендерите од Министерство?

Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ?

Го пуштаат да излегува на прес конференции и да зборува за профитот на Пуцко Петрол додека институции и општини раководени од ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со истата комапнија.

Еве само еден од тие 170 договори на ДПМНЕ со Пуцко Петрол:

Министерството за образование и наука, потпишан од Весна Јаневска од ДПМНЕ, склучен на 31.12.2024 година со Пуцко Петрол тежок 2.500.000 денари или 40.000 илјади евра.

Не навлегуваме во внатрешните игри на ДПМНЕ, но еве нека види Бојан Стојановски за колку го има појачано профитот на Пуцко Петрол Весна Јаневска и нека одговори:

Колку пари на граѓаните завршија кај Пуцко Петров благодарение на ДПМНЕ и нивните градоначалници, министри, директори на институции?

Последни вести