fbpx

Иванов нема мандат да ја демолира државата за интересите на Груевски!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ѓорѓе Иванов по наредба на Никола Груевски се обидува да ја демолира целата држава и институциите на системот со своето антидржавничко однесување кое не доликува на функциијата што ја обавува Претседател на државата.

Со негирањето на новата власт којашто ја избраа граѓаните и блокадата на демократските процеси тој директно ги загрозува државните и национални интереси на граѓаните.

Тој и Никола Груевски се единствената закана и по унитарноста и по независноста на земјата затоа што очигледно забораваат која е стратешката определба на граѓаните и на Р.Македонија, продолжување на демократските процеси и евроатлантските перспективи на Македонија.

За чии интереси Ѓорѓе Иванов по нарачка на Никола Груевски одработува ако тоа не се интересите на граѓаните, кои очекуваат формирање на нова Влада како што тие изгласаа, а којашто ќе обезбеди стабилност на економскиот систем и нормализација на државата?

За чии интереси Ѓорѓе Иванов по нарачка на Никола Груевски се обидува да ја суспендира демократијата и да ја одалечува Македонија од евро-атлантските интеграции?

700.000 граѓани гласаа за демократска, слободна, економски напредна и европска Македонија. Ниту Ѓорѓе Иванов, ниту Никола Груевски нема да ја спречат демократската волја на граѓаните.

Парламентарното мнозинство има обврска и ќе одговори на својата должност да ги заштити граѓаните и државата. Ќе има одговорност за евентуалното попречување на мнозинската волја на граѓаните.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести