Соопштение за јавност
Фунционирањето на државниот систем, егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата никој не смее да ги доведе во прашање!
Бидејки блокадата од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и поттикнувањето етнички провокации од страна на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ оди во прилог на хаос во државата, порачуваме дека институциите, политички партии и секој поединец се должни да се спротивстават и да дадат придонес кон нормализација на состојбите.
Во Република Македонија постои декларирано парламентарно мнозинство од 67 пратеници кое е власт во државата и кое ја има обврската да ги заштити граѓанските и државните интереси.
Криминалните интереси на Груевски и фамилијата не смеат да ја држат во заложништво Република Македонија, што за три недели, кога завршува целосно мандатот на градоначалниците и советниците, се заканува да предизвика тотален хаос во државата.
Врвен државен интерес на Македонија во овој момент е мирен трансфер на власта. Мора брзо да се одблокираат демократските процеси со тоа што ќе се избере нов собраниски претседател, а потоа и нова реформска Влада.
Укажуваме дека сите државни институции и вработените во нив имаат должност да ги заштитат државните интереси и да помогнат тој процес да се реализира согласно мнозинската волја, интересите на граѓаните и безбедноста и стабилноста на државата, а не на мала група криминалци.
Секоја активност спротивна на државните интереси е тешко неуставно и незаконско дело за што следува сериозна одговорност.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА