fbpx

Парламентарното малцинство не смее и нема да ја киднапира иднината на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ниту едно блокирање на демократските процеси, ниту едно беспотребно меѓусебно реплицирање од страна на парламентарното малцинство нема да ги спречи промените и да ја киднапира иднината на државата за која гласаа мнозинството граѓани.

Стечајните работници денеска ќе имаа решен статус и пристојни примања, доколку Груевски и неговите соработници на најдрзок начин не ја кочеа работата на Собранието.

Останатите граѓани и денеска ќе користат скапа струја и ќе плаќаат радиодифузна такса бидеќи малцинството во парламентот исплашено од соочување со одговорноста, ја погазува мнозинската волја.

Околу 700 илјади граѓани избраа нова Влада промени, правда, еднаквост и живот за сите и ниту еден очаен обид на Груевски и соработниците тоа не може да го спречи. Македонија ќе добие нова реформска влада на граѓаните предводена од СДСМ за која има широка и недвосмислена поддршка.

 

Скопје, 30.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести